НБА
Ембид ќе остане во Филаделфија до 2029 година, клубот ќе му исплати 300 милиони долари
Џоел Ембид уште долго ќе биде лидер на Филаделфија 76, клуб кој договорил продолжување на соработката со центарот на дополнителни три години.
Американскиот репрезентативец ќе биде под договор до сезоната 2028/29, за продолжувањето на дополнителни три години ќе добие 192,9 милиони долари, а до крајот на договорот ќе добие вкупно 299,5 милиони долари.
Ембид ги потврдил успешните преговори и неговата главна желба е да биде дел од 76-те до крајот на кариерата.
– Филаделфија е мој дом, сакам да бидам овде до крајот на кариерата.
– Ја сакам оваа заедница и се што ми овозможи мене и на мојата фамилија, но имаме незавршена работа. Вие момци заслужувате титула и мислам дека штотуку започнуваме, – напишал Ембид на својот Инстаграм профил.
Со одработување на целосниот договор, Ембид ќе стигне до сума од 518 милиони долари заработени на терен, четврта најголема сума во НБА историјата и сума која заостанува само зад заработката на ЛеБрон Џејмс, Стеф Кари и Пол Џорџ.
-
Евролига14 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија15 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Лига на нации5 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Лига на нации15 часа
Каде е топката: Црногорецот Бакиќ падна на земја по дриблингот на Арда (Видео)
-
Балкан6 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Лига на нации6 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија
-
Англија12 часа
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП
-
Италија12 часа
Синот на Ибрахимовиќ по дебито за Шведска: Го мразев фудбалот