Поврзете се со нас

НБА

Ембид ќе го пропушти божиќниот спектакл во НБА лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/bball_ref

Божиќната програма во НБА лигата секогаш е посебна и истата носи интересни пресметки, соочувања на големите ѕвезди, но токму една од нив ќе го пропушти овој спектакл.

Имено актуелниот МВП и воедно најголема ѕвезда на Филаделфија, Џоел Ембид не е во комбинација за настап во соочувањето со Мајамии Хит. Тој го повреди десниот зголб на мечот со Торонто Репторс, повреда која ќе го спречи да заигра против избранците на Сполстра.

Центарот „грми“ во оваа сезона каде е најдобар стрелец со 35 поени во просек, плус бележи 11,7 асистенции и 6 асистенции за натпревар.

Поради овој проблем тој е неизвесен и за соочувањето со Орландо Меџик.

Кога е во прашање пак Хит останува да се види дали ќе се појави Џими Батлер кој ги пропушти претходните две средби и воедно не тренираше во неделата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни