Поврзете се со нас

НБА

Ембид блескаше во мега пресметката со Јокиќ, Филаделфија оствари дерби победа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sixers

Скромната НБА програма донесе само три натпревари рано утрово, но два од нив беа супер интересни бидејќи стануваше збор за дерби пресметки на тимови кои се во горниот дел од табелата.

Фокусот беше ставен на Џоел Ембид и Никола Јокиќ и нивната пресметка, а овојпат поуспешен беше центарот на „сиксерси“ кој имаше блескаво издание и го водеше својот тим до пресврт.

Филаделфија оствари важна победа на домашен терен и го искористи лошиот период на Денвер во последната четвртина, па благодарение на тоа успеа да слави со 126:121.

Ембид го доби дуелот со Србинот и беше најдобар на паркетот со 41 поен, 7 скокови и 10 асистенции, додека Јокиќ беше најдобар во противничкиот табор со 25 поени, 19 скокови и 3 асистенции.

Супер интересен дуел одиграа и Феникс и Сакраменто, а победникот го реши Кевин Дурент со четири прецизни слободни фрлања во последните 30 секунди. „Сонцата“ победија со 119:117, а Кингси можат да жалат што не го искористија последниот напад во кој Монк шутираше за победа.

На последниот дуел утрово, Лос Анџелес Клиперс беше подобар од Оклахома со 128:117.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни