Елмас заминува, но во Фенербахче следната сезона би можел да игра друг македонски репрезентативец

015 nestorovski radost

Елиф Елмас речиси сигурно ќе си заине од редовите на Фенербахче ова лето затоа што за него има сериозен интерес од бројни европски гиганти кои се натпреваруваат во најдобрите пет лиги во светот.

Интересно е тоа што италијанските медиуми сега јавуваат дека нов македонски репрезентативец би можел да се пресели во тимо тна Фенербахче. Имено, турскиот клуб одблиску ја следел ситуацијата со членот на Палермо, Александар Трајковски.

Во моментов најблиску до Трајковски е тимот на Салернитана кој ќе биде предводен од Џанпјеро Вентура, но интерес има и од други тимови.

Освен турскиот тим и италијанскиот второлигаш, за Трајковски се распрашувале и од Лече, Емполи, Болоња и Парма клубови кои би сакале да го видат нашиот репрезентативец во своите редови.

Во следните денови ќе се знае многу повеќе за тоа каде Трајковски ќе ја продолжи кариерата, едно е сигурно, тоа нема да биде Палермо.

Facebook Коментари