Поврзете се со нас

Италија

Елмас во најдобрите единаесет на колото во Серија А (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас игра одлично во дресот на Торино, а со неговата последна партија против Парма се избори за место во тимот на 28. коло во Серија А.

Елмас одигра квалитетно против „млекарите“, постигна и погодок кој беше негов трети по кам-бекот во италијанскиот фудбал. Тој со оценка 7 се наоѓа во одбрано друштво, формацијата 3-4-3 во која на голот е Раду, дефанзивци се Ѕапакоста, Валери и Бириндели, на крилните позиции покрај Елиф е Пулишиќ од Милан, плус Де Рон и Чалханоглу во срцето на средината на теренот.

Нападот е резервиран за Пелегрино, Крстовиќ од Лече и Лукаку од редовите на Наполи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни