Елмас во идеалниот дрим-тим: „Трансфермаркт“ процени колку милиони повеќе „тежи“ Елиф по преминот во Серија А (Фото)

elmas-svrten

Елиф Елмас изрежира вистинска фудаблска минијатура на тренингот со македонската фудбалска репрезентација, но денеска, македонскиот „фудбалски дијамант“ како што го нарекуваат Италијаните беше актуелен и на Апенините поради една објава на угледниот портал за собирање на статистички и фудбалски информации.

Познатиот „Трансфермаркт“ секогаш служи како респектабилен и влијателен извор за следењето на сите трансфер случувања во светот, па сега споменатиот портал направи еден дрим-тим составен од најскапите млади фудбалери во италијанската Серија А. Во У21 составот имаше место и за нашиот Елиф Елмас, кој според анализата на „Трансфермаркт“, во последните неколку месеци направил скок од седум милиони евра кога е во прашање неговата вредност на трансфер пазарот.

Според „Трансфермаркт“, Елмас во овој момент вреди 17 милиони евра и на него друштво во средниот ред му прави Тонали од Бреша, а во идеалниот тим се најдоа уште Донарума како голман, Миленковиќ, Де Лихт и Бастони во одбраната, Киеза, Ѕаниоло и Клајверт пред Елмас и Тонали, како и Леао и Куаме во нападот.

Facebook Коментари