Елмас во друштво со Де Лихт, Донарума… Избран во најскапите фудбалери до 21 година кои играат во Серија А (Фото)

elmas-svrten

Иако не се најде во листата на фудбалери претенденти за наградата  „Златно момче“ која се доделува на најдобриот млад фудбалер, Елиф Елмас си доби место во најскапиот тим во Серија А составен од фудбалери до 21 година.

Тимот го формираш специјализираната агенција за трансфер податоци, „Трансфермаркт“ која го смести Елмас во тим со големи ѕведзи како Џанлуиџи Донарума, Матијс Де Лихт, Федерико Киеза…

Сумата на која е проценет Елмас е 17 милиони евра или за седум милиони поголема од неговата претходна цена. Убедливо најскап во тимот на млади играчи разбирливо е Де Лихт кој вреди 75 милиони евра, а тука се и Киеза (60 милиони), Донарума (55 милиони),  Ѕаниоло (30 милиони)…

73143000_2295432537252493_2271038333708664832_n

Facebook Коментари