Поврзете се со нас

Германија

Елмас влезе во завршницата, Леверкузен со „звукот на сирената“ до победа во дербито (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен има извонредни резултати сезонава во Бундеслигата и сонува да биде нов шампион, сон кој може да стане реалност со победи како вечерашнава во дербито со Ред Бул Лајпциг.

„Фармацевтите“ губеа со 1-0, 2-1, ама во ниту еден момент не се откажаа, се бореа, покажаа карактер и на крајот дојдоа до драматично славје од 3-2 и тоа со погодокот на дефанзивецот Инкапие во 91 минута.

Ова за четата на Алонсо беше 15.славје во 18 првенствен натпревар и сега тие имаат седум бода повеќе во однос на актуелниот првак Баерн Минхен.

Кога се работи за останатите стрелци, Симонс и Опенда погодија за „биковите“, Тела и Тах за Леверкузен.

Нашиот Елиф Елмас повторно беше резерва и ги одигра последните десет минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни