Поврзете се со нас

Германија

Елмас влезе во игра и извонредно искомбинира за голот кој ја потврди победата на Лајпциг (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RBLeipzig

Елиф Елмас полека почнува да се адаптира на условите во Бундеслигата, а на мечот на кој доби најголема минутажа експресно покажа дека може да биде многу важен за „биковите“.

Македонскиот репрезентативец беше резерва на гостувањето кај Бохум и влезе во 65-та минута при резултат 1:1, но набрзо по неговото појавување на теренот, гостите постигнаа  три гола и ја потврдија улогата на фаворити.

Витек и Олмо стрелаа на едната и другата страна во првиот дел кој заврши 1:1, додека во завршницата Лајпциг постигна три гола и ја осигура победата.

Елмас немаше улога во акциите кои ги претворија во гол Опенда и Симонс, но затоа извонредно искомбинира со Чави во акцијата за последниот гол на мечот.

Елиф режираше двојно додавање со Симонс и го стави соиграчот во одлична ситуација, а овој додаде до Поулсен кој ги постави конечните 1:4.

Акцијата погледнете ја ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни