Поврзете се со нас

Италија

Елмас „тежи“ 70 милиони евра и е меѓу највредните играчи во Европа на неговата позиција

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е меѓу највредните играчи до 23 години во Топ 5 лигите во Европа кога е во прашање позицијата која ја покрива.

Меѓународниот центар за спортски студии или попознат како „CIES“ (ЦИЕС) го објави најновото истражување на кое нашиот дијамент има вредност на пазарот од 70 милиони евра и е на втората позиција кога се во прашање младите асови кои се означени како дефанзивни играчи за врска.

Првото место во оваа категорија е резервирано за Џуд Белингем од Борусија Дортмунд кој „тежи“ 120 милиони евра по што следуваат Елмас, Куртис Џонс (Ливерпул) и Деклан Рајс од Вест Хем кои се проценети на 70 милиони евра.

Зад нашиот дијамант се Едуардо Камавинга од Реал Мадрид и Сандро Тонали од Милан кои имаат вредност од 60 и 50 милиони евра.

Кога се во прашање останатите позиции и најскапите, највредните момци ги имаме Џанлуси Донарума како голман (80 милиони евра), Ерик Гарсија и Јошки Гвардиола како централни дефанзивци (80), најскап бек е Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен (120), додека кога се во прашање офанзивците Флоријан Вирц (Баер Леверкузен) и Педри (Барселона) имаа вредност од 140 милиони евра, додека на делба на првото место во нападот се Халанд, Винисиус Жуниор и Фоуден (150 милиони евра).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни