Поврзете се со нас

Италија

Елмас стрелаше и го спаси Торино од пораз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Екипата на Торино избегна пораз во соочувањето со Верона во италијанската Серија А, а за тоа најзаслужен беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Домаќините промашија пенал преку Адамс во 62 минута, а веќе во 64 стигна казната преку Сар кој стрелаше за водство на Верона од 1-0.

„Биковите“ реагираа и тоа преку Елмас кој реализираше мајсторски во 67 минута за 1-1. Торино во 86 минута и остана со играч помалку по исклучувањето на Ричи и токму затоа може да се каже дека нашиот фудбалер беше клучен фактор во освојување на овој бод.

За Елмас ова беше четврти погодок во Калчото по зимската преселба во составот од Торино.

ОВДЕ погледнете го голот против Верона.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни