Поврзете се со нас

Италија

Елмас сонува за Скудето, но веќе и знае каде сака да ја заврши кариерата

Објавено

на

Наполи е на зимски подготовки во Турција и денеска ќе игра пријателски натпревар против Анталијаспор, а сосема очекувано, главна ѕвезда во оваа земја од тимот на Наполи е играчот кој веќе брилјираше во најсилната Суперлига.

Елиф Елмас има многу фанови во Турција поради етапата во Фенербахче и се појавија видеа на кои тој им ги остварува желбите на навивачите кои бараат фотографија со него, но доста ангажирани се и новинарите кои успеале да извлечат неколку изјави од македонскиот репрезентативец.

Елмас говори за големата цел која ја имаат тој и неговите соиграчи до крајот на актуелната натпреварувачка сезона, но отишол и доста подалеку и открил каде сака да ја заврши кариерата.

– Сакаме да им донесеме огромна радост на нашите фанови, сакаме да го искусат Скудетото. Имаме навистина големи цели. Досега бевме одлични и сме лидери, но мора да продолжиме исто како сега и да одиме напред. Досега понудивме добро шоу, но сакаме да бидеме уште подобри. Не само во Серија А, сакаме да бидеме добри и во Лигата на шампиони.

– Ја чувствувам љубовта од турските фанови, навивачите на Фенербахче се фантастични и слични се како оние на Наполи. Ја сакам Турција и размислувам да дојдам да живеам тука. Сакам да ја завршам мојата кариера во Турција, – открил Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни