Италија
Елмас со втор гол во Серија А ја најави победата на Торино (Видео)

Тренерот Паоло Ваноли реши стратешки да го дозира Елиф Елмас кој имаше подолга пауза како член на РБ Лајпциг, па на третиот натпревар му даде и најголема минутажа по кам-бекот во Серија А.
Македонскиот репрезентативец погоди на дебито за Торино против Болоња со мајсторски гол и најави дека е желен за игра, а откако за првпат беше стартер против Милан, попладнево ја продолжи добрата серија.
Елмас повторно беше во почетните 11 и одигра 90 минути против Монца, бидејќи Македонецот беше изваден во самата завршница за да му го отстапи местото на Линети во судиското продолжение.
Елиф беше еден од најдобрите во гостинскиот табор кој денеска славеше на „Бриантео“ со 0:2, бидејќи токму Елмас ја најави победата со голот за 0:1 во 41-та минута.
Офанзивниот фудбалер реагираше во манир на врвен голгетер по додавањето од Лазаро, а победата во вториот дел ја потврди Касадеи со силен удар од непосредна близина.
Голот на Елмас погледнете го ТУКА
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…