Поврзете се со нас

Италија

Елмас со трет гол во Калчото, Торино испушти победа против Парма (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Елиф Елмас постигна уште еден гол во дресот на Торино, овојпат во ремито на „биковите“ со Парма на „Енио Тардини“.

Елмас мајсторски реализираше во 19 минута за водство на „биковите“ од 1-0. Овој резултат беше активен до 60 минута кога Пелигрино донесе радост за домашната екипа, но гостите за кратко време одговорија и преку Адам дојдоа до нова предност.

Сепак фудбалерите на Парма не се предадоа и со вториот погодок на Пелегрино во 82 минута се изборија за бод од ова соочување од 28. коло во Серија А.

За македонскиот репрезентативец Елмас ова беше трет лигашки гол во новата средина, претходно ги матираше Монца и Болоња.

ОВДЕ погледнете ги најважните моменти.

Во истиот термин од 15 часот Комо и Венеција ги поделија бодовите играјќи 1-1.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни