Поврзете се со нас

Шпанија

Елмас со коментар за младата ѕвезда на Реал: Арда треба да се подобри во еден сегмент

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rbleipzig

Елиф Елмас одработил нависитна опширно интервју за турската агенција „Анадолу“ при престојот во Анталија, но покрај откривањето на своите желби за репрезентативниот сон, Македонецот дал свој коментар и за најголемиот талент на Реал Мадрид.

Арда Ѓулер важи за еден од најперспективните играчи во светот и цела Турција има огромни очекувања од него, меѓутоа првата сезона во Реал Мадрид не е онаква каква што замислуваше, пред се поради повредите кои ги здоби.

Ѓулер поседува страшна техника и тоа веќе го воочија сите негови соиграчи од Реал, но Елмас му препорачува да напредува на физички план, бидејќи само така ќе може да опстои во модерниот фудбал.

– Арда е многу добар играч со топка и го следев уште додека играше во Фенербахче. Има добра техника и одлична фудбалска визија. Сепак, сметам дека треба да се подобри на физички план.

– Верувам дека ќе се погрижи за тоа во Реал Мадрид, а истовремено треба и да учи од играчите кои ги има крај себе. Не треба да се паничи, тој се уште е многу млад и треба да оди чекор по чекор. Ако ги направи потребните потези, тој дефинитивно ќе биде најдобриот турски фудбалер, – вели Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни