Поврзете се со нас

Италија

Елмас со емотивна порака за фановите на Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Елиф Елмас денеска беше претставен како засилување на РБ Лајпциг, со што и официјално е комплетиран неговиот трансфер од Наполи, клуб во кој настапуваше од 2019 година.

Македонскиот репрезентативец денеска им беше претставен на фановите на бундеслигашот и очекувано тој не го криеше воодушевувањето од новиот предизвик во кариерата, но истовремено реши да испрати и емотивна порака за фановите на досегашниот клуб Наполи.

– Драги навивачи, ме пречекавте како дете, ме одгледавте, ме штитевте, ми помогнавте да станам маж.

– Заедно проживеавме прекрасни моменти, минавме незаборавни ноќи, да се биде член на наполитанското семејство е привилегија.

– Дојде момент да се каже збогум, патиштата ни се разидуваат, но врската меѓу нас останува вечна. Да се биде дел од Наполи, да се испише историја на клубот и на градот Неапол, тоа е нешто неверојатно. Благодарност до претедателот, до клубот, тренерите, соиграчите и сите останати. Благодарам Наполи, што направи да се чувствувам како дома во овие пет години. Ве сакам и засекогаш ќе останете во моето срце“ – напиша Елмас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни