Поврзете се со нас

Италија

Елмас слета во Италија и веднаш доби обележја од новиот клуб (Видео)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rbleipzig

Елиф Елмас вчера се одлучи да направи драматичен пресврт во одлуката за својата иднина, па откако беше пренесено дека македонскиот репрезентативец ја одбива Валенсија за да се врати во Серија А, денеска пристигнува и официјална потврда за тоа.

Елмас веќе е на италијанско тло и ова попладне слетал во Торино, па во наредните неколку часа ќе има завршни обврски пред да позира со новиот дрес.

Торино на крајот ја доби битката со Валенсија иако се чинеше дека „лилјаците“ го имаат договорено Елиф, а пресудна во цела операција на крајот била желбата на фудбалерот, но и клаузулата која ја прифатил Торино како клуб.

Италијанскиот калчолигаш има право да го откупи Елмас по крајот на сезоната, па иако не станува збор за обврзувачка клаузула, истата може да се активира за 17 милиони евра.

Ова значи дека клубот размислува да му даде вистинска шанса на Елмас пред да донесе одлука за откуп, па јасно е дека наредните пет месеци ќе бидат клучни за иднината на македонскиот репрезентативец.

Елиф пред точно една година направи голем трансфер во РБ Лајпциг, но откако не се прослави во Германија, сега реши да се врати во лига која доволно добро ја познава.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни