Елмас се покажа во одлично светло на дуелот со моќната Барселона (Видео)

elmasbarselona

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас уште еднаш ги импресионираше луѓето во Наполи по неговиот одличен настап на пријателскиот натпревар против Барселона.

Елмас го започна натпреварот од првата минута и играше до 57. минута кога беше повлечен и заменет од  Гаетано.

Младиот фудбалер беше расположен и одлично ја контролираше играта на средината на теренот. Фановите на италијанскиот клуб веќе почнаа да го фалат по социјалните мрежи и посочија дека доколку продолжи вака со сигурност често ќе биде дел од првиот тим на Наполи.

Facebook Коментари