Елмас првпат стартер, Мертенс најрасположен, Наполи до сигурна победа (Видео)

mertens-blondi

Наполи ја оствари втората победа сезонава (2:0) во Серија А и тоа над Сампдорија која има катастрофален почеток со три порази на исто толку натпревари. За италијанскиот вицешампион ова беше прв натпревар на домашен терен сезонава и ги израдуваа фановите со рутинска победа.

Драјс Мертенс беше најрасположен во домашниот тим и со головите во 13 и 67. минута ги постави конечните 2:0 за победа на Наполи на „Сан Паоло“.

Македонскиот репрезентативец Елјиф Елмас беше стартер во тимот на Карло Анчелоти и настапи до 75. минута кога беше заменет од Инсиње.

Facebook Коментари