Поврзете се со нас

Германија

Елмас против Елези во првото коло на Бундеслигата (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig_EN

Македонските репрезентативци, Елиф Елмас и Агон Елези ќе имаат битка уште во првото коло во новата сезона во Бундеслигата.

Имено РБ Лајпциг на Елмас ќе биде домаќин на Бохум на Елези на мечот кој ќе се одигра на 24 или 25 август.

Новата кампања стандардно ја отвара шампионот или во случајот Баер Леверкузен кој ќе има незгодно гостување кај Борусија Менхенгладбах. Компани пак како предводник на Баерн Минхен своето деби ќе го има на пресметката со Волфзбург, додека Борусија Дортмунд ќе тргне од „Сигнал Идуна Парк“ против Ајнтрахт Франкфурт.

Битките меѓу Баерн и Дортмунд, популарното Дер Класикер се закажни за 12 и 29 коло во ноември/декември и април.

Леверкузен пак против „баварците“ ќе игра на крајот на месец септември и во февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни