Поврзете се со нас

Лига Европа

Елмас против Барселона, шпански предизвик добија Ристовски и Адеми

Објавено

на

По ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за плејоф рундата во Лига Европа каде ќе имаме битки меѓу второтопласираните тимови од групната фаза на ова натпреварување и оние кои завршија како трети во Лигата на шампионите.

Дерби битката во овој дел ќе биде меѓу Барселона и Наполи што значи дека нашиот репрезентативец Елиф Елмас ќе може да се соочи со шпанскиот великан кој сезонава е во криза и игра далеку под сите очекувања.

Шпански предизвик добија Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб, односно ќе одат на мегдан со Севилја. Бобан Николов пак со Шериф Тираспол за противник ќе ја има португалска Брага.

Првите средби се закажани за 17 февруари, додека ревашните се играат една недела подоцна.

Двојки за 1/16 финалето:

Севилја-Динамо Загреб

Аталанта-Олимпијакос

РБ Лајпциг-Реал Сосиедад

Барселона-Наполи

Зенит-Бетис

Борусија Дортмунд-Ренџерс

Шериф Тираспол-Брага

Порто-Лацио

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни