Поврзете се со нас

Репрезентација

Елмас предвидува блескава иднина за македонската репрезентација (Фото)

Објавено

на

Елиф Елмас не можеше да настапи против Италија на „Ренцо Барбера“ поради акумулирани жолти картони, но неговите соиграчи му овозможија да добие шанса во баражот за Светското првенство со обезбедувањето на вториот натпревар.

Македонија оствари огромна победа над Италија во Палермо, па вчера селекторот Благоја Милевски направи две промени во стартната постава, а тоа беше вклучувањето во почетните единаесет на Елмас и Костадинов.

По големата еуфорија која ја доживеаја пред неколку дена, за жал македонските фудбалери мораа да се помират со пораз во големото финале на „Драгао“, натпревар на кој одново силно се боревме, но немавме решение за двете контри на фаворитот.

Македонските фудбалери можат да бидат горди на тоа што го остварија во овие историски квалификации за Светско првенство, со надеж дека ќе продолжат по истиот пат кој го започнаа уште пред Европското првенство.

– Прекрасно искуство, ова е млада селекција со големи срца. Допрва ќе се радува Македонија, – порача Елмас, а околу 30.000 негови следбеници се согласија со „дијамантот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни