Поврзете се со нас

Италија

Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги

Објавено

на

blank

Македонскиот репрезентативец и фудбалер кој е посочен како наследник на Горан Пандев, Елиф Елмас повторно ги полни италијанските медиуми. И овојпат Елмас се поврзува со заминување од редовите на Наполи, а како и во претходните случаи и сега се споменува името на Бенфика како можна следна дестинација за фудбалерот.

Португалскиот клуб е подготвен да издвои сосема солидна сума од 20 милиони евра за да го привлече фудбалерот во своите редови.

Самиот Елмас во неколку наврати изјавуваше дека е среќен во Наполи, но во последно време неговата форма опадна, па не добиваше голема минутажа од Џенаро Гатузо кој во една прилика и јавно го критикуваше.

Освен Бенфика, во претходните месеци како заинтересирани тимови за Елиф Елмас се споменуваа и Галатасарај, Борусија Дортмунд, Борусија Мехенгладбах и Лидс Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни