Поврзете се со нас

Италија

Елмас постави италијански рекорд, за малку ќе го собореше и апсолутниот (Видео)

Објавено

на

Фото: Twitter.com/sscnapoli

Наполи имаше одличен старт на дуелот со Спартак Москва, македонскиот репрезентативец Елјиф Елмас го отвори резултатот уште во 1. минута, но до крајот работите се свртеа во корист на рускиот претставник.

Гостите профитираа од исклучувањето на Марио Руи, па на крајот победија со 3:2 во Неапол, а Елмас играше до 82. минута на средбата.

Погодокот на Македонецот можеби ќе останеше во сенка на конечниот резултат, но Елмас сепак ќе биде запишан како рекордер на италијанската фудбалска сцена.

Фактот што го постигна голот за само 11 секунди, го направи фудбалер од италијански тим со најбрз гол во историјата на Лига Европа.

Елмас го собори досегашниот рекорд на Кеита Балде, кој постигна гол за 16,88 секунди на дуелот меѓу Лацио и Лудогорец во 2014 година.

На Елмас за малку му побегна апсолутниот рекорд во Лига Европа, бидејќи негов сопственик е Јан Сикора, кој реализирал за 10,69 секунди на средбата меѓу Карабаг и Либерец во 2016 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни