Поврзете се со нас

Шпанија

Елмас посочи што го прави Белингам поразличен од сите други играчи: Не е возможно да има само 20 години……

Објавено

на

Foto:twitter.com/RBLeipzig

Елиф Елмас вечерва повторно ќе има шанса да истрча на терен против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, нешто што веќе го направи како член на Наполи во првиот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Македонскиот репрезентативец ги смени клупските бои и сега како член на РБ Лајпциг ќе чека шанса против „кралевите“, а пред дуелот кој е закажан за вечерва, угледната „Марка“ одработи ексклузивно интервју со Елмас.

– Надминавме тежок момент во домашното првенство, но победивме и сега сме се подобри. Имаме самодоверба и знаеме дека со нашиот пресинг може да правиме проблем за секој тим. Ќе биде тешко против Реал Мадрид, но со нашиот пресинг може да им направиме проблеми. Кога играте против Реал, учите многу работи, сите играчи на Реал се интелигентни. Како може да не научите нешто од играчи како Модриќ и Крос?

– Секој што игра за Реал Мадрид, игра со огромна самодоверба, тие се на друго ниво. Ќе го наметнеме нашиот интензитет и верувам дека нема да им биде лесно и на нив на наш терен. Реал е фаворит на секој натпревар, но нема да се предадеме. Најмногу ме импресионира самодовербата која ја имаат како тим. Во една минута можат да ви направат целосен пресврт и тоа го видовме неколку пати во Европа, – вели Елмас, кој во продолжение говори и за Џуд Белингам.

– Белингам има само 20 години, а игра како ветеран од 30 години. Начинот на кој ја сопира топката, како се движи….. навистина е импресивен. Го гледаш ан телевизија и изгледа како човек што не трча многу, но кога е пред вас на теренот, не може да замислите колку трча и колку работи за тимот. Го гледате напред, а потоа гледате дека се враќа и да помогне во одбрана. Тоа го прави поразличен од другите играчи. Има и перфектен тајминг за завршување на офанзивните акции, одличен е како лажна деветка и како играч од крило. Не е возможно да има само 20 години…., – потенцира Елиф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни