Поврзете се со нас

Лига Европа

Елмас погоди против Спартак Москва, Наполи си ја искомпликува ситуацијата во Лига Европа (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас одигра уште еден солиден натпревар и постигна нов гол во Лига Европа, на денешниот натпревар против тимот на Спартак Москва.

За жал неговиот погодок не беше доволен наполитанците да извлечат позитивен резултат од гостувањето во Москва каде загубија со 2:1 и до крај ги искомпликуваа работите за нивен пласман во понатамошната фаза од второто по ранг натпреварување во Европа.

Домаќините уште во 3. минута го отворија резултатот преку Соболев, а истиот играч во 28. минута зголеми и на 2:0.

Елмас го намали резултат со гол кој го постигна во второто полувреме, но до крајот на средбата италијанскиот тим не успеа да стигне до реми кое ќе се сметаше за позитивен исход.

Вака, Спартак Москва и Наполи имаат по седум бода на првите две позиции, додека Легија има 6, а англискиот Лестер на изненадување на многумина има 5 и во моментов е на последното место во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни