Поврзете се со нас

Италија

Елмас: Ова е гол и на Осимен, ретко кој би додал во таа ситуација (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас беше автор на победничкиот гол со кој Наполи обезбеди три бода на тешкото гостување во Бергамо кај Аталанта во средбата од 13. коло во Серија А.

Мацари го погоди џокерот: Елмас влезе и му донесе победа на Наполи (ВИДЕО)

Елмас влезе во второто полувреме и во 79 минута со одмерен удар ја смести топката на посакуваното место. Нашиот ас е среќен поради погодокот, но во исто време и колегијален порачувајќи дека за голот заслужен е и Виктор Осимен кој го проигра во таа ситуација.

-Ова е гол и на Осимен, а не само мој. Не секој би ја додал топката во таа ситуација, многумина би шутирале. Треба да размислуваме за натпревар по натпревар, да тренираме за да бидеме подобри. Ќе видиме дали можеме да се бориме за титулата. Срцето кое го покажував кон камерата беше за навивачите, сите ги сакам, -порача Елиф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни