Репрезентација
Елмас: Одигравме одлично против Украина, сега се надевам дека ќе бидеме победници

Македонија немаше среќа на гостувањето во Прага и не претвори во гол четири добри шанси против Украина, па во таква ситуација поразот беше неминовен.
Нашиот најсилен национален тим остана без шанси за пласман на Европското првенство, но во ситуација кога има слободен ден во групната фаза, сепак играчите нема да имаат одмор.
Македонија утре ќе одигра пријателски меч со Ерменија во Струмица, а Елиф Елмас како еден од најквалитетните во нашиот тим најави максимално сериозен пристап и атак на победа.
– Играме пријателски натпревар против добар и квалитетен противник како што е селекцијата на Ерменија. Кога играш за Македонија, очекувањата се големи и секогаш се цели кон победа.
– Ќе излеземе на терен сплотени и ќе се потрудиме максимално да одиграме добар натпревар во кој се надевам дека ќе излеземе како победници. Одигравме одличен меч против Украина, но за жал го загубивме. Дуелот против Ерменија е важен за нас, затоа одиме да победиме.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 15 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 17 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари