Италија
Елмас одигра 60 минути, Торино профитираше од кошмарната одбрана на Милан (Видео)

Елиф Елмас првпат беше стартер по враќањето во италијанскиот фудбал, а тоа му донесе среќа на Торино кој успеа да го победи фаворизираниот Милан.
Македонскиот репрезентативец се најде во стартната постава на домашниот тим и одигра 60 минути после подолго време, па тоа дефинитивно е огромен потстрек за офанзивниот фудбалер кој ќе се обиде да ја пронајде својата најдобра форма во Торино.
Откако дебитираше со гол во поразот од Болоња, Елмас денеска првпат се израдува на победа со новите соиграчи, и тоа против тимот на Консеисао кој уште еднаш потврди дека игра кошмарно во одбрана.
Почетничкото недоразбирање меѓу Чау и Мањан резултираше со автогол и водство за Торино уште во 5-та минута, а овој резултат беше активен до последните 15 минути.
Пулишич не реализираше пенал во првиот дел и пропушти голема шанса да го врати мечот во посакуван правец за Милан, па за првиот гол на гостите се чекаше до 74-та минута кога погоди Рајндерс.
Во тој момент се доби впечаток дека Милан ќе ги нападне трите бода, но наместо тоа, следеше ново исклучување во одбраната, од кое одново профитираа домаќините. Играчите на Торино ја фатија одбрана на Милан на спиење при еден прекин, па акцијата заврши со победнички гол на Гинеитис во 76-та минута.
-
Лига на нации18 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија14 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации17 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација8 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет16 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)