Поврзете се со нас

Италија

Елмас одигра 120 минути во луд меч: Продолжение, три црвени картони и седум гола во Неапол (Видео)

Објавено

на

Елиф Елмас одигра 120 минути во лудото осминафинале меѓу Наполи и Фиорентина во Копа Италија, кое на крајот резултираше со седум постигнати гола, три црвени картони и победа на гостинскиот тим.

Составот од Фиренца обезбеди пласман во четвртфиналето на италијанскиот Куп, откако успеа подобро да се снајде во хаотичниот меч во кој водеше до самата завршница, но кој на крајот мораше да го добие по 30 минути игра.

Влаховиќ го отвори резултатот во 41-та минута, Мертенс брзо израмни на 1:1 по три минути, но пред крајот на првиот дел, Драговски заработи црвен картон и се чинеше дека Наполи е во добитна ситуација.

Наместо тоа, Фирентина поведе со играч помалку со голот на Бираги, но верувале или не, Наполи успеа да израмни откако остана со двајца играчи помалку. Лозано заработи директен црвен картон во 83-та минута, Фабиан Руиз беше исклучен поради втор жолт картон во 93-та, но во 95-та, Петања израмни на 2:2 и го однесе мечот во продолженија.

Во дополнителните 30 минути игра, предноста од играч повеќе дојде до израз, па така Фиорентина постигна три гола преку Венути, Пјонтек и Малех за 2:5 и пласман во наредната рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни