Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Елмас не доби шанса, Унион Берлин освои историски бод во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/fcunion

Наполи создаде многу шанси и дефинитивно беше подобар ривал во дуелот со Унион Берлин, но сепак не успеа вторпат во низа да го совлада германскиот тим кој има своја премиера во Лигата на шампионите.

Бундеслигашката сензација од минатата сезона оваа вечер го постигна првиот гол во елитното натпреварување, а истиот се покажа како доволен и за историски прв бод во Лигата на шампионите.

Тимот на Руди Гарсија поведе со голот на Политано и се чинеше дека тоа е добар предуслов за нов триумф, но неискористените шанси и лошата реализација кулминираа со контра на стартот на вториот дел.

Фофана одлично ја зафати одбиената топка и успеа да го матира Мерет за 1:1, па иако Наполи имаше повеќе од 40 минути за да постигне втор гол, на крајот не го направи тоа.

Квича Кварацхелија не ги искористи најзрелите шанси за триумф, а вечерва шанса на теренот не доби Елиф Елмас кој не беше ниту една од четирите замени на Гарсија. Во истиот термин, Реал Сосиедад ја победи Бенфика со 3:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни