Поврзете се со нас

Италија

Елмас му „намести“ гол на Мертенс, Наполи ја прегази Рома (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Составот на Наполи славеше убедлива победа над Рома од 4-0 во дербито на 9. коло во италијанската Серија А.

Домашниот тим беше исклучително мотивиран на оваа средба да дојде до победа и на тој начин му оддаде почит на легендата на клубот Диего Армандо Марадона кој пред неколку денови почина во 60. година од животот.

Капитенот Лоренцо Инсиње со мајсторски гол во 31 минута го отвори резултатот, гол кој му го посвети на Марадона. По ова беше полесно за избраниците на Гатузо, па во 64 минута Руиз на асистенција Инсиње зголеми на 2-0 со што полека стана јасно каде ќе завршат бодовите од вечерашната пресметка на „Сао Паоло“.

Нашиот Елиф Елмас влезе во игра во 77 минута и токму по еден негов удар во 81 Мертенс ја искористи слабата интервенција на Миранте и погоди за 3-0. До крајот Политано по еден соло продор одново ја затрсе мрежата на „волчицата“ за потврда на трите бода.

Наполи сега има 17 бода исто како и Рома, но и актуелниот шампион Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни