Елмас му испрати емотивна порака на Анчелоти (Фото)

elmas-napoli

Како што најавија најголем дел од италијанските медиуми, Карло Анчелоти не ја преживеа последната рунда од групната фаза во Лигата на шампионите и покрај тоа што неговиот тим го победи Генк со 4:0, па само неколку часа по мечот на „Сан Паоло“, Наполи излезе со соопштение дека искусниот стручњак веќе не е шеф на стручниот штаб.

Џенаро Гатузо веќе се наоѓа во Неапол и во секој момент се очекува да биде назначен како наследник на Дон Карло, епилог кој ги примора играчите на Наполи со тешко срце да се збогуваат со својот досегашен тренер. Токму играчите и нивните лоши игри се причина за отказот на Анчелоти, а во низата на емотивни пораки се придодаде и нашиот Елиф Елмас кој се огласи преку Инстаграм.

– Мистер, ти благодарам за се што направи за мене. Беше задоволство да се работи со тебе, беше задоволство да ми бидеш тренер. Ти посакувам се најдобро во иднина, – порача Елмас.

Facebook Коментари