Поврзете се со нас

Италија

Елмас му испрати емотивна поддршка на Несторовски по големата победа во Торино (Фото)

Објавено

на

Илија Несторовски ја доби најлошата вест во својата играчка кариера, бидејќи на неполни два месеци пред историскиот настап на Македонија на едно Европско првенство, заработи една од најтешките фудбалски повреди.

Напаѓачот на Удинезе се повреди на тренингот и деталните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент, па по советите кои ги доби од професорот Маријани, веднаш замина „под нож“ и веќе му беше направена успешна операција во Италија.

– Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик да се вратам посилен од порано.

– Сакам да да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен, – храбро порача Иле од болничкиот кревет.

Македонскиот голгетер добива поддршка од сите страни во овие тешки моменти кои секако влијаат психолошки за еден професионалец, а не остана заборавен ниту од Елиф Елмас кој му испрати емотивна поддршка со фотографија на Инстаграм стори, а потоа му испрати и срца на неговата објава на социјалната мрежа откако Наполи оствари значајна победа на гостувањето кај Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни