Балкан
Елмас може да го напушти Лајпциг и да потпише за турски великан
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас на почетокот на оваа година се пресели од Наполи во РБ Лајпциг со цел и желба да напредува, добие поголема минутажа, улога, но се случи сосема спротивното.
Тој во овој период не доби вистинска шанса од тренерот Марко Розе, можеби на почетокот можеше да се користи оправдување дека е потребно време, нова средина…меѓутоа во актуелнава кампања Елиф нема одиграно ниту една минута за бундеслигашот во официјални натпревари, поточно остана на клупа против Баер Леверкузен и Бохум во првенството, додека против Есен во Купот не беше воопшто во комбинација за настап.
Оваа ситуација сака да ја искористи Галатасарај и да го донесе во своите редови, поточно да го врати во Истанбул со оглед на тоа што претходно настапуваше за Фенербахче во периодот од 2017 до 2019 година.
Турските медиуми пренесуваат дека преговорите се во тек и дека постои можност офанзивецот да дојде на едногодишна позајмица во актуелниот шампион и тоа во самата завршница на преодниот рок.
Елиф има 24 години, досега има настапувано уште за Работнички во Македонија.
-
Италијапред 19 часа
Фабрегас му симна капа на еден играч на Наполи: „Мама миа“, каков фудбалер!
-
Англијапред 21 час
Ридигер: Само двајца стопери можат да го чуваат Халанд во Премиер лигата
-
Италијапред 22 часа
МекТоминеј постигна гол после 25 секунди, Конте почна да ужива во Неапол (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Погба со едноставна објава означи победа во „допинг војната“ (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Пацерски автогол за фудбалските анали: Голманот на Лидс направи невидена глупост во 97. минута (Видео)
-
Италијапред 8 часа
Конте изненаден од својот Наполи: Да ми кажуваше некој пред три месеци…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти детектирал два проблеми со своите играчи од Реал: Свесни сме што треба да направиме
-
Францијапред 22 часа
Евра: 99 проценти е сигурно дека Погба нема да го облече дресот на Јуве, јас веќе му се јавив на Бенатија