Поврзете се со нас

Италија

Елмас мора да вади виза за гостувањето на Наполи во Лига Европа

Објавено

на

Наполи ќе ги отвори настапите во Лига Европа со гостување кај Лестер, а тоа значи комплицирана ситуација за неколку фудбалери.

Еден од нив е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој вчера требало да остане во Рим за да си обезбеди виза за патувањето на британска територија.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, иако Наполи веќе утре игра дерби против Јувентус, Елмас морал да мине една ноќ во Рим, за да добие зелено светло, односно виза за патувањето, а дури попладне ќе им се приклучи на соиграчите кои се подготвуваат за натпреварот.

Во иста ситуација како Елмас е и репрезентативецот на Косово, Амир Рахмани, додека Виктор Осимен и Давид Оспина се враќаат од земји кои се на британската листа за кои е задолжителен 10-дневен карантин.

За нив покрај виза, ќе биде потребна и специјална дозвола со која би се избегнал карантинот, инаку во спротивно нема да патуваат.

Дуелот Лестер-Наполи се игра во четврток од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни