Поврзете се со нас

Германија

Елмас ја проследи од клупа новата победа на Лајпциг, Борусија одново претрпе пораз со пресврт (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/RBLeipzig

Елиф Елмас никако не успева да се наметне во системот на тренерот Марко Розе, дури и во ситуација кога се веруваше дека ќе добие поголема минутажа поради повредата на Чави Симонс.

Македонскиот репрезентативец ги доби првите минути во Бундеслигата пред една недела против Мајнц, но денеска одново беше неискористена замена од тренерот на Лајпциг и повторно остана закован на клупата за резерви.

Без него на теренот, домашниот тим мораше да брка негатива против Фрајбург, но на „Ред Бул“ арена се случи пресврт во обложувачки стил „два во еден“.

Фрајбург поведе во првиот дел со голот на Доан, но Лајпциг брзо се врати на стартот на вториот дел и постигна два гола преку Орбан и Гертруда за 2:1. Целосниот пресврт беше режиран во неколку минути, а до крајот на мечот конечните 3:1 ги постави Опенда.

За разлика од Лајпциг, Борусија Дортмунд дозволи нов пресврт на натпревар на кој поведе, па така вторпат во неколку дена позитивата заврши со пораз.

По дебаклот кој го доживеа во второто полувреме против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, гостите од Дортмунд денеска поведоа во Аугзбург со 0:1, но раниот погодок на Мален во 4-та минута не беше доволен за победа, а ниту за бод.

Аугзбург се погрижи за целосен пресврт со двата гола на Клод Морис, а со тоа ја комплетираше црната недела за тимот на Нури Сахин.

 

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни