Поврзете се со нас

Италија

Елмас изреагира како врвен напаѓач и донесе предност за Торино на „Бриантео“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/TorinoFC_1906

Елиф Елмас експресно брзо се адаптираше во новата средина, нешто што можеше и да се очекува со оглед на искуството кое веќе го имаше доживеано во Серија А.

Македонскиот репрезентативец беше најавен како огромно засилување во Торино, а првите три натпревари во дресот на „биковите“ и ги оправдуваат таквите епитети.

По деби голот на првиот меч со Болоња, Елмас одигра 60 минути на натпреварот против Милан кој Торино го доби со 2:1, а офанзивниот фудбалер ова попладне го постигна и вториот гол во новиот клуб.

Неделната програмата во Серија А е отворена со натпреварот меѓу Монца и Торино на „Бриантео“ стадионот, средба која беше отворена пред крајот на првиот дел токму од Елмас.

Торино ја искористи теренската иницијатива за да стекне предност пред паузата, а човек на одлука беше Елмас кој изреагира како одличен голгетер во 41-та минута.

Голот на Елмас погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни