Елмас испрати порака по добиената битка со Интер (ФОТО)

elmas

Екипата на Наполи славеше над Интер со 1-0 во првиот полуфинален меч во Купот на Италија, победа во која свој удел имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој ги одигра сите 90 минути на „Џузепе Меаца“.

Со овој триумф наполитанците си ги подотворија вратите за пласман во финалето, но Елиф како и како и неговите соиграчи се свесни дека ги очекува уште една битка во март на „Сан Паоло“.

-Среќен сум поради победата, но и свесен дека не очекува уште една битка во реваншот, -напиша Елмас на „Инстаграм“.

https://www.instagram.com/p/B8e-WnRI6sg/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

-Голема победа над Интер во Купот на Италија, -гласеше пак пораката на „Фејсбук“.

Facebook Коментари