Италија
Елмас и соиграчите се израдуваа на гол во 92. минута, но ги снајде судбината на Хулијан Алварез (Видео)

Комо освои круцијални три бода денеска против Торино и дојде многу блиску до математичко обезбедување на опстанок, бидејќи на шест рунди пред крајот има 12 бода повеќе од 18-топласираниот Емполи.
Четата на Сеск Фабрегас денеска имаше тешка задача против разиграниот Торино и успеа да слави со голот на Дувикас, но во финишот трепереше за посакуваните три бода.
Торино успеа да израмни со голот на Илиќ по еден корнер во 92-та минута, па иако Елмас и соиграчите се израдуваа на погодокот, на крајот ги снајде судбината на Хулијан Алварез.
По проверката на ВАР, голот беше поништен поради двоен контакт со топката при изведениот корнер, па така Бираги се претвори во трагичар за својот тим.
Фудбалерот на Торино се лизна и имаше двоен контакт со топката пред истата да заврши во шеснаесетникот, а поради тоа израмнувачкиот гол на гостите не беше впишан на семафорот.
-
Италија23 часа
Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“ (Видео)
-
Англија13 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Шпанија23 часа
Мајсторијата на Арда доволна за тешка и важна победа за Реал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Италија14 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Шпанија8 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Германија12 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Англија23 часа
Матета со лоб магија на „Емирејтс“ го приближи Ливерпул до титулата (Видео)