Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Елмас и соиграчите има за што да жалат на „Бернабеу“, Сити рутински во четвртфиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RBLeipzig

Елиф Елмас и неговите соиграчи од РБ Лајпциг ја завршија својата приказна во Лигата на шампионите, но навистина има за што да жалат и да бидат незадоволни што не се најдоа во четвртфиналето.

Германците прикажаа спектакуларен фудбал на „Сантијаго Бернабеу“ и заслужија многу подобро од конечните 1:1, но лошата реализација на Опена, а на карјот и среќата го спасија Реал од рана елиминација во најелитното натпреварување.

Напаѓачот на Лајпциг пропушти четири стопроцентни шанси при резултат 0:0, а откако Реал поведе во вториот дел со голот на Винисиус, вкупниот резултат беше 2:0 поради победата од 0:1 во Германија.

Храбриот Лајпциг не се откажа и брзо возврати и израмни на 1:1 преку капитенот Орбан, па иако во последните 20 минути бараше разни начини да дојде до втор гол и да обезбеди продолженија, на крајот не дојде до тоа.

Најблиску беше Олмо кој ја погоди гредата во 92-та минута, па ова беше последната голема шанса на мечот и со  истата завршија возбудувањата во шпанската престолнина.

Рела многу потешко од очекувањата се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а таму ќе го гледаме и Манчестер Сити кој одново победи со 3:1 против Копенхаген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни