Поврзете се со нас

Лига Европа

Елмас и Наполи победија во чест на Марадона, фаворитите не згрешија (ВИДЕО)

Објавено

на

Елиф Елмас со Наполи излезе како победник и во втората битка со Дарко Велковски и Ријека во Лигата на Европа.

Калчолигашот не згреши на својот „Сан Паоло“ и со 2-0 дојде до третото славје во групата Ф. Анастасио (автогол) и Лозано беа стрелци за домаќините кои со ова му оддадоа почит на клупската легенда Диего Армандо Марадона кој почина во текот на вчерашниот ден.

Инаку Елмас беше активен до 69 минута, додека Велковски ја одигра целата средба за хрватскиот прволигаш.


Освен Наполи статусот на фаворити го оправдаа и останатите клубови од Топ 5 лигите во Европа, па така Тотенхем го доби Лудогорец со 4-0, Леверкузен беше подобар од Хапоел Бер Шева со 4-1,Рома го победи Клуж (2-0). додека шпанска Гранада славеше над Омонија со 1-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни