Поврзете се со нас

Италија

Елмас и Наполи остануваат перфектни лидери во Серија А, Рома со рутинска победа против Емполи (Видео)

Објавено

на

Наполи покажува завидна зрелост на почетокот на новата сезона во Серија А, бидејќи вечерва успешно го положи и тешкиот испит во седмото коло во домашното првенство.

Работите не почнаа баш најдобро за тимот на Спалети на гостувањето кај Фиорентина бидејќи почетен гол постигна Мартинез Куатра, но Наполи покажа карактер и успеа да се врати во игра и во вториот дел да направи целосен пресврт.

Гостите не оставија долго водство на домашниот тим и израмнија преку Лозано откако претходно Инсиње не го реализираше пеналот, а на стартот на вториот дел, голот на Рахмани се покажа како клучен за нова победа и нови три бода на Наполи.

Елиф Елмас влезе во игра во 57-та минута и одигра повеќе од половина час во Серија А, откако пред само три дена, го одигра речиси цел меч против Спартак Москва.

За Наполи, ова е седма победа во седмото коло и останува перфектен лидер на табелата со 21 освоен бод, а скок денеска забележа и Рома која на домашен терен рутински го победи Емполи со 2:0. По непријатниот дерби пораз од Лацио минатиот викенд, избраниците на Мурињо победија со головите на Пелегрини и Мхитаријан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни