Поврзете се со нас

Италија

Елмас и Наполи го потопија Баерн на „Алијанц Арена“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Наполи на нашиот Елиф Елмас му нанесе тежок пораз на Баерн Минхен од 3-0 на пријателскиот меч кој се одигра на „Алијанц Арена“.

Со ова наполитанците ја продолжија добрата резултатска серија во овој подготвителен период, додека пак за Баерн ова беше трет пораз во четвртиот натпревар под водство на новиот тренер Јулијан Нагелсман што дефинитивно не е добар знак пред престојната кампања.

Најзначајните моменти на дуелот во Минхен се случија во вториот дел кога Осимен од 69 до 71 даде два погодоци за да точка на триумфот во 85 минута стави Машах.

Македонскиот репрезентативец Елмас ги одигра сите 90 минути на средбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни