Поврзете се со нас

Германија

Елмас и Елези не добија шанса, дебитантот Нуса донесе прва победа за РБ Лајпциг (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RBLeipzig

Македонските репрезентативци Елиф Елмас и Агон Елези останаа на клупата за време на дуелот меѓу РБ Лајпциг и Бохум во Бундеслигата, а домаќините извлекоа три бода (1:0) против повратникот во елитата.

„Биковите“ го скршија отпорот на Бохум во 59. минута, кога резервистот Нуса успеа да реализира на своето деби за новиот тим и на тој начин да ги постави конечните 1:0.

Во завршницата е исклучен Орбан, но Лајпциг успеа да ја задржи минималната предност и да ја отвори новата сезона со победа и три бода пред своите фанови.

Нуса стана прв фудбалер на РБ Лајпциг кој успеал да постигне гол на дебито во купот и првенството.

Елмас последниот период имаше проблеми со повреда и веројатно поради не доби минутажа ни од клупата за резерви, иако вчера го одработел целиот тренинг со своите соиграчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни