Поврзете се со нас

Лига Европа

Елмас го разигра Наполи кој избегна пораз против Лестер (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Лестер и Наполи како и што се очекуваше ја оправдаа довербата и прикажаа одличен натпревар кој на крајот заврши без победник, со четири постигнати погодоци (2:2).

Домашниот тим имаше предност и од 2:0 до втората половина на второто полувреме, но гстинот од Италија имаше сили да се избори за реми и непоразен да си замине од Островот.

Лестер прво дојде до водство со голот на Ајозе Перез кој беше постигнат уште во 9. минута од средбата. За вториот гол се чекаше до 64. минута кога Харв Барнс зголеми на 2:0.

И кога многумина мислеа дека Наполи е „готов“, избраниците на Лучијано Спалети заиграа сосема солидно и со двата погодоци на Виктор Осимен стигнаа до поволен резултат од тешкото гостување.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 30тина минути на овој натпревар и се прикажа во сосема солидно светло.

Резултати

Брондби- Спарта Прага 0:0

Ајнтрахт Франкфурт- Фенербахче 1:1

Монако- Штурм 1:0

Олимпијакос- Антверп 2:1

ПСВ- Реал Сосиедад 2:2

Ренџерс- Лион 0:2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни