Поврзете се со нас

Италија

Елмас го послушал Пандев: Ми кажа веднаш да потпишам за Торино

Објавено

на

Елиф Елмас по една година се врати во италијанскиот фудбал и тоа во некогашниот шампион на оваа земја-тимот на Торино.

Тој до крајот на тековнава сезона ќе биде позајмен во таборот на „биковите“ кои ја имаат опцијата да го откупат неговиот договор од РБ Лајпциг и тоа за сума од 17 милиони евра. Нашиот репрезентативец е желен за фудбалот по лошата епизода во бундеслигашот каде никогаш не доби вистинска шанса од тренерот Марко Розе кој пак интересно се уште ја извршува функцијата иако резултатите се далеку од посакуваните.

-Среќен сум што се врати во Италија, му благодарам на Торино за можноста. Пронајдов прекрасен град и клуб со огромна историја, со ваква група можеме да направиме големи работи, -истакна Елмас.

-Ќе дадам сè за Торо и за тимот, за градот и навивачите. Не си поставувам цел, никогаш не зборувам претходно, -додаде офанзиецот кој откри дека Горан Пандев имал улога во реализација на трансферот.

-Зборував со Борна Соса и особено со Пандев, за нас Македонците тој е апсолутен идол. Кога го прашав за Торино, тој ме советуваше веднаш да прифатам, -откри некогашниот играч на Наполи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни