Поврзете се со нас

Германија

Елмас доби симболична минутажа, Лајпциг поразен на домашен терен (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RBLeipzig

РБ Лајпциг го отвори вториот дел од сезоната со пораз од Ајнтрахт, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби само симболична минутажа на своето деби за новиот клуб.

Ајнтрахт поведе уште во 7. минута со голот на Кнауф, а до крајот на средбата домаќините не успеаја ниту да израмнат, разочарувајќи ги домашните фанови.

Елмас доби шанса во 88. минута и немаше можност да ги покаже своите квалитети пред фановите на својот нов клуб, а неговото деби заврши со пораз на РБ Лајпциг, кој останува во Топ 4, но сега заостанува 12 бода зад лидерот Баер Леверкузен.

Баер победи со голот на Паласио во 94. минута и на тој начин остана на плус четири во однос на Баерн, кој има натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни