Поврзете се со нас

Германија

Елмас доби шанса во финишот, РБ Лајпциг врза три порази во Бундеслигата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RBLeipzig

Елиф Елмас повторно доби шанса само во завршницата, а неговиот нов клуб РБ Лајпциг доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Штутгарт (5:2).

Избраниците на Марко Розе беа надиграни од амбициозниот Штутгарт и се враќаат дома со пет примени голови во својата мрежа, од кои три се дело на Ундав.

Голот на Опенда за 3:2 го приближи Лајпциг на еден гол негатива во 55. минута, но само минута подоцна домашниот состав се врати на плус два и го најави епилогот на натпреварот.

Нашиот репрезентативец влезе во игра во 77. минута кога веќе беше 5:2 на семафорот, па беше и доцна за било каква надеж на гостите кои врзаа три порази по ред во Бундеслигата.

Лајцпиг останува на четвртото место со 33 бода, колку што има и Борусија Дортмунд со натпревар помалку.

Баерн Минхен имаше проблеми со Аугзбург, но на крајот победи со 2:3 на ова гостување, враќајќи се на бод заостанување зад Баер, кој има натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни