Поврзете се со нас

Германија

Елмас доби најголема минутажа, Опенда промаши пенал за победа на Лајпциг (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig

Тимот на РБ Лајпциг никако не успева да влезе во посакуваниот ритам во Бундеслигата, па така попладнево одново загуби бодови и тоа на гостувањето кај Аугзбург.

„Биковите“ загубија од Ајнтрахт Франкфурт, Штутгарт и Баер Леверкузен по зимската пауза, во минатата рунда го добија Унион Берлин со 2-0 и сите веруваа дека и денеска ќе се дојде до позитивен резултат на гостувањето во Баварија, ама избраниците на Розе мораа да се задоволат само со бод.

Гостите со погодоците на Опенда и Шешко направија пресврт и поведоа со 2-1 во 52 минута, меѓутоа домаќините одговорија и преку Демировиќ во 60 израмнија на 2-2.

До крајот фаворитот ја имаше најголемата шанса, ама Опенда не го искористи ударот од 11 метри во 81 минута.

Нашиот Елиф Елмас доби најголема минутажа на терен откако пристигна во Лајпциг, беше активен од 68 минута кога влезе на местото на Дани Олмо. Ама и Елмас не успеа да ја промени ситуацијата за бундеслигашот кој наредниот предизвик го има против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни